Според информациите што ги добивме, Никола Тодоров до доцна во ноќта се расправал со директорите на клиниките назначени од ВМРО-ДПМНЕ. Барал оставка за секој хирург кој ќе одбие денеска да оперира.

сдсм седисте

Дел од хирурзите кои под притисоци се влезени во операциските сали работат вознемирени.

Има искусни хирурзи кои воопошто не се влезени во операциски сали.

Ризикот да се случи нова трагедија во здравството е огромна.

Од хаосот што го предизвика Тодоров во здравството загрозени се животи на пациенти и на лекари.

Никола Груевски и Никола Тородов наместо да ги спасуваат пациентите и лекарите, тие ги спасуваат тендерите и сомнителните зделки во здравството.

51 милион евра се направените долгови на клиниките. 70 милиони евра се долговите на јавните здравствени установи.

А болниците се руина, новата опрема или ја нема или не фукнционира. Дури 229 новороденчиња во Македонија починале во 2013 година, спред Еуростат.

Умираат родилки. Сега и се пука во болниците.

По сите смртни и сомнителни случаи за време на министерувањето на Тодоров, поради се што им направи на лекарите и пациентите, граѓаните велат доста е.

Тодоров веќе не го спасува оставка, тој треба да одговара!

Слични содржини