СДСМ: Владата одговорно управува со државните пари

од Vladimir Zorba

ВМРО-ДПМНЕ ги задолжуваше граѓаните за луксуз и споменици, Владата предводена од СДСМ го намалува долгот и ја опоравува економијата, наведува СДСМ во реакција на денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Според СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ 11 години неконтролирано ги задолжувала граѓаните и направила јавен долг од над 50 проценти од БДП.

– Наместо таквиот расипнички однос кон парите на граѓаните, Владата предводена од СДСМ одговорно управува со државните пари. Со празните обвинувања за наводно трошење на девизните резерви, ВМРО-ДПМНЕ покажува основно непознавање на управувањето со финансиите бидејќи се работи за плаќање преку единствената државна сметка на кредитите и доспеаните рати за стари долгови. Преку одговорното управување на долговите, јавниот долг на државата денес е намален првпат по 2008 година, стои во реакцијата.

СДСМ истакнува и дека Владата што ја предводат, преку транспарентна и отчетна работа и значителна поддршка за домашното стопанство, активно работи на обезбедување квалитетен животен стандард за граѓаните и опоравување на уништената економија.

Слични содржини