СДСМ: Владата става крај на расипничкото трошење

од Vladimir Zorba

   Новата Влада предводена од СДСМ става крај на расипничкото трошење и на нереалните проекции и ги намалува долговите, а парите ги враќа назад кај граѓаните, порачува СДСМ во пишана реакција на денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ во кое го обвини СДСМ дека ја задолжува земјата што е можно повеќе кога е на власт.

– Предвидените средства од задолжувањата на домашниот пазар се со цел да се обезбеди навремена и целосна реализација на Буџетот по најповолни услови, се вели во ракцијата од СДСМ

Се додава дека тајното и, како што посочуваат, расипничко задолжување што ВМРО-ДПМНЕ го правеше за криминално богатење и луксузирање на сметка на осиромашените граѓани, резултираше со јавен долг од над 50 отсто од БДП и околу 180 000 граѓани кои живееа со само 40 денари дневно.

– Таквото безобразно и нерационално трошење на парите на граѓаните заврши. Новата Влада предводена од СДСМ преку одговорно работење за само неполни два месеца врати 122 милиони евра за долгови, а вкупниот долг успеа да го намали за околу 55 милиони евра, се потенцира во реакцијата од СДСМ.

Слични содржини