СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ останува заробенa во сопствената политика на затвореност

од Vladimir Zorba

ВМРО-ДПМНЕ и Трајко Вељаноски остануваат заробени во сопствената политика на затвореност, тајност, манипулација и на лажење на граѓаните, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Трајко Вељаноски.

Од владејачката партија додаваат дека „за разлика од тајните преговори што ВМРО-ДПМНЕ ги водеше со соседите, Владата предводена од СДСМ е максимално транспарентна и секоја политика, секој нејзин потег е им ќе биде на увид на граѓаните“.

„ВМРО-ДПМНЕ ги погази државните и национални интереси и ги изневери граѓаните кога тајно преговараше и се договараше за промена на името, што се докажа и од материјалите објавени во проектот „Вистината за Македонија“. Преку постојани блокади на демократските реформи и на евроатлантските интеграциски процеси, ВМРО-ДПМНЕ 11 години работеше против државните и националните интереси“, се вели во соопштението на СДСМ.

Слични содржини