СДСМ води во анкетата на Телма и МЦМС

од desk3

СДСМ води пред ВМРО-ДПМНЕ покажува новата анкета на Телма ио МЦМС, спроведена телефонски од “М Проспект”, во период од 4 до 11 август на репрезентативен примерок од 1005 испитаници. За прв пат во сондирањата на јавното мислење на Телма и на МЦМС има промена во рејтинзите на двете најголеми партии. Неа ја следат уште поизразени промени во рејтинзите на лидерите на СДСМ Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во полза на Заев. 

Во пресрет на aнкетата на Телма и МЦМС, порталите блиски до опозициската ВМРО-ДПМНЕ свесни за новиот однос на политичките сили кои се рефлектираат вонеа, денескаобјавија лажнаанкета, наводно спроведена од МЦМС, во обид даго дискредитираат истражувањто. Од МЦМС категоричо негираат дека анкетата на која се повикуваат порталите блиски до ВМРО-ДПМНЕ, не била направена, објави Телма Тв.

Според , анкетата СДСМ е фаворит за локалните избори.

Освен рејтинзите на партиите, анкетата го отслика и расположението на граѓаните по 100 дена на Влада. Од политиките на кабинетот на Зоран Заев задоволни се 60 проценти од граѓаните, но не е мал прозенот и на незадовллни – 35 %. Јавноста има перцепција дека Владата во 100 дена се фокусирала најмногу на надворешната политика дури 38,5%, а само 7,7 проценти сметаат дека се фокусирала на социјална заштита, речиси исто толку на зголемување на вработеноста, а уште помалку на економскиот развој. Бројките пак за тоа што сзакаат граѓаните да се посвети новата влада отсликуваат друг интерес. Граѓаните очекуваат таа да работи на зголемување на работните места, дури 34,2%. 18,4 проценти сакаат во фокусот на владата да биде економскиот развој, а 10,4 сметаат дека тоа треба да биде здраството. Во фокусот на граѓаните надворешната политика е дури на четврто место со 8,6 проценти.

Во предвечерјето на локалните избори анкетата покажа дека 60 проценти од испитаниците сметаат дека тие се само редовни локални избори, додека за 31,3 проценти истата ги перцепираат како проверка на рејтингот на партиите и евентуален вовед во парламентарни избори. Во контекст на локалните избори се покажа дека големо мнозинство од граѓаните  очекуваат во програмите на градоначалниците да доминираат локалните пробелми. Безмалку 70% сакаат конкретен план за решавање на локалните проблеми. Локалниот економски развој е битен за третина од испитаниците, урбанистичко планирање за 18 проценти, комунални дејности за 10, а животна средина 9,5 проценти.

Интересен е податокот дека на прашањето дали при изборот за градоначалник битна е личноста или партијата, дури 47 проценти одговориле дека за нив е битен кандидатот, неговата личност, образование, искуство, репутација, додека само за малку повеќе од 9 проценти клучна е партискта припадност.

Слични содржини