СДСМ: Време е ВМРО-ДПМНЕ да му сврти грб на насилството и да ги надмине политиките на поделби

од Vladimir Zorba

  

Фактот што ВМРО-ДПМНЕ претходно го прифати Законот за употреба на јазиците, којшто денес го оспорува, е доказ за лицемерието и за лажниот патриотизам на опозициската партија. Блокирањето на работата на Собранието не може да донесе ништо друго освен блокада на реформските процеси кои се клучни за Македонија да оди напред.

Христијан Мицкоски треба да смогне сили и да успее ги надмине погубните политики на неговиот претходник Никола Груевски коишто промовираат поделби, насилство и омраза и кои се во спротивност со европските вредности. Тоа е во интерес на Република Македонија и на сите нејзини граѓани коишто силно го поддржаа концептот на едно општество за сите, се вели во соопштението на СДСМ.

Слични содржини