За два месеца Никола Груевски троши неверојатни над 900.000 илади евра пари на граѓаните за реклами на неговите виртуелни политики.

sdsm-sediste-17997

Минатиот месец, на 30 октомври Груевски склучил договор за ЛЕД екран и негова монтажа од околу 340.000 евра.

Овој месец, на 17 ноември, распишан е нов тендер за нов ЛЕД екран тежок неверојатни над 520.000 евра.

Ден подоцна, на 18 ноември објавен е уште тендер за монтажа на половина милионскиот ЛЕД екран. За тоа Груевски ќе извлече од граѓаните уште 58.000 евра народни пари.

Ахмети: Наша цел е еднаквост на Албанците и Македонците

Додека:

-1.000 рударски семејства месецов останаа без егзистенција
-Над 180.000 граѓани живеат со 40 денари на ден
-Примателите на социјална помош живеат со 22 денара на ден
-500.400 граѓани на Македонија живеат под линијата на сиромаштија

Никола Груевски ќе потроши над 900.000 евра за два телевизора!

Половина милионскиот телевизор Груевски ќе го постави на т.н.палата АСНОМ во којашто е сместен Секретаријатот за европски прашања.

За ЛЕД екранот од 340.000 илјади евра нема информација каде ќе заврши.

Најскапите телевизори на светот нема да ја покријат реалноста дека Никола Груевски освен пари им одзеде и 10 години живот на граѓаните на Република Македонија.

Граѓаните повеќе не веруваат во рекламите на виртуелните политики на Груевски.

Збогум Никола!

Слични содржини