Дали Владимир Пешевски сака да му го чува стравот на Никола Груевски од губењето на власта

или својот страв?

Тоа e оној Владимир Пешевски за којшто Никола Груевски рече дека е „дил -ориентед“, во еден

од објавените разговори од проектот Вистината за Македонија.

 

vladimir

Катастрофалните економски разултати се главна одлика на господинот „дил-ориентед“ и

неговиот надреден, Никола Груевски.

Поради нивните „дил-ориентед“ политики 626.312 граѓани заминале од Македонија, пред се

млади, образовани луѓе, според официјални податоци на Светска банка.

Поради Никола Груевски  над 180 илјади граѓани живеат со по 40 денари на ден. „Дил-ориентед“

политиките на Груевски и Пешевски затворија над 10 илјади фирми во земјава а секоја трета

фирма е со блокирана сметка.

Македонија е на дното по странски инвестиции во Европа.  Дури и Народна банка објави

официјални податоци дека во јуни и јули оваа година, странските инвестиции се на рекордно

ниско ниво во цела Европа, дури и зад Косово.

Промените за подобар живот и нови работни места доаѓаат на 24-ти април, по победата на СДСМ.

Граѓаните ќе го изберат Зоран Заев затоа што ќе ги врати европските вредности во Република

Македонија и она што ВМРО-ДПМНЕ им го зема на граѓаните во изминатите 10 години.

На 24-ти април, победува европска Македонија.

Македонија порачува: збогум Никола и збогум за твоето друштво!, пишува СДСМ во соопштението до јавноста

Слични содржини