Повторно се покажа дека лажниот патриотизам на ВМРО-ДПМНЕ е на штета на државата.
Соочени со целосно загубена доверба од граѓаните, во страв од одговорност за криминалот и
корупција во изминатите 10 години, ВМРО-ДПМНЕ сака да создава тензии и да провоцира
инциденти.

Upload-News-2223-SDSM-ZNAME

Самиот факт што поставувачи на објектите се градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, двете
коалициски партии коишто со години се во власта, кажува кои се организаторите на
инцидентите.

Со ваквиот неодговорен однос, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ прават штета на Република Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ ги потценува граѓаните на Република Македонија. Не поминуваат провидни
сценарија.

Граѓаните се обединети во борбата против корупцијата, криминалот, обединети се во желбата за
промени, за враќање на слободата, демократијата и европските вредности во Република
Македонија.

СДСМ осудува било каков чин на насилство.

Слични содржини