ВМРО-ДПМНЕ нема одговор на денешната прес конференција на СДСМ, одржана од претседателот на Комисијата за образование.

LSDM_741

Фатена како врши политички притиск врз вработените во образованието и како се обидува да спроведе различни форми на предизборна корупција ВМРО-ДПМНЕ раскажува приказни во коишто ни самата не верува.

ВМРО-ДПМНЕ треба да одговори зошто ги собира вработените во образованието по општинските организации? Информациите говорат за повеќе вакви случаи во Битола, Скопје но и во други градови. Зошто не ги објавува „резултатите“ од омилено екстерно тестирање за ВМРО-ДПМНЕ? Кого ВМРО-ДПМНЕ лаже со некакви проекти за младите кога 626.312 илјади граѓани ја напуштиле Македонија, пред се, млади и образовани луѓе, поради невработеност и сиромаштија.

Не може ниту да се наброи што се расипа ВМРО-ДПМНЕ во образованието. По 10 години уништување на образованието со лоши политики и закони, по фрлени милиони евра за непотребни проекти, експерименти, корупцијата со печатење на учебници, предизвикан стрес кај учениците со несоодветни екстерни тестирања ВМРО-ДПМНЕ е најголемиот проблем за образованието.

Никола Груевски потоши 630 милиони евра за споменици и виртуелни проекти кои освен со корупција немаат врска со квалитетот на образовниот процес.  Владата на Никола Груевски ги навредуваше наставниците, ги понижи професорите на универзитетот, ги омаловажи студентите и средношколците

Доста беше!

Џабе ВМРО-ДПМНЕ блефира со некакви виртуелни „големи“ проекти откако го уништи образованието. Никој не им верува на криминалните структури во врвот на ВМРО-ДПМНЕ. Ниту студентите, ниту професорите што ВМРО-ДПМНЕ ги излажа дека заедно ќе направат закон за високо образование. Ниту наставниците коишто ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ги држи во заложништво со екстерното тестирање и академијата за наставници, ниту средношпколците, коишто ги понижи. Од криминалната структура во заминување граѓаните очекуваат само одговорност за тоа што им украдоа 10 години од животот., се вели во соопштението од СДСМ до јавноста.

Слични содржини