Преговарачкиот тим СДСМ ќе предложи претставници на медиумите и новинарските организации и здруженија да бидат дел од преговорите кои се однесуваат на прашања за медиумската сфера произлезени од договорот во Пржино.

12071556_10205323130574115_1321645833_n1-670x503

– Во овој момент укажувам на тоа дека од првиот момент кога невладините организации и здруженијата, побараа да бидат вклучени во процесот, се заложив за тоа да бидат дел од процесот, меѓутоа меѓународните посредници сметаа дека поинаку треба да се води целата оваа активност, но дефинитивно, заради вистината да се знае кој за што се залага, кој е за демократизирање на инстутуциите, а кој е за задржување на статус кво состојбата, или за уште поголемо партизирање ќе побарам медиумите, сите оние коишто имаат интерес, невладините организации, здруженијата да бидат дел од овој процес, изјави денеска Роберт Поповски, дел од преговарачкиот тим на СДСМ.

Вели дека ќе предложи преставници на медиумите и нивните здруженија да присуствуват директно на средбите на работните групи.

– Јас и во овој период досега постојано ги брифирав новинарите до каде течат преговорите, како што џентелментски се договоривме дека ќе бирифираме за она што веќе се разговарало, но ВМРО-ДПМНЕ од другата страна излегува во јавноста со разни информации, тоа е недозволиво. Затоа сметам дека новинарите, медиумите, невладините организации и јавноста треба да се дел од преговарачкиот процес и таму да се види кој за што се залага, истакна Поповски.

Додаде дека партијата останува на своите предлози и смета дека на Македонија и треба целосно департизирање, демократизација и на регулаторните тела и на медиумската атмосфера, но, оти исто така, треба да се овозможат елементарни услови на 24 април да има фер и регуларни избори, а тоа значи медиуми коишто ќе информираат професионално, објективно, транспарентно.

Слични содржини