Се БАРА ! Апелација го потврди притворот за Сеад Кочан, полицијата го бара да го приведе

од Vladimir Zorba

 

МВР и Интерпол имаат потреница за Сеад Кочан по која се бара негово приведување
Скопскиот апелациски суд го потврди притворот за бизнисменот Сеад Кочан. Во соопштението од судот, информираат дека жалбата на адвокатот на Кочан, Никола Додевски, е делумно уважена.

Претходната одлука за притвор на кривичниот совет на Основниот суд Скопје, беше определна по три основи, а сега со решението на Апелација, се определува само по една точка, односно, поради опасност од бегство.

Бизнисменот Кочан е првоосомничен во сличајот „Труст“, кој го води СЈО за учество во тендер на ЕЛЕМ со наместена документација при што државата е оштетена за 17 милиони евра.

Откако минатата недела кривичниот совет му одреди 30-дневен притвор, тој стана недостапен за полицијата.

Пред Апелација, вчера а и за денеска е најавен протест на вработените од неговите фирми како и од Телевизија НОВА, кој процес уредничката на ТВНОВА Биљана Трендафилова го оквалификаува како атак врз слободата на информирањето.

Многу од присутните демонстранти се пожалиле дека на сила биле донесени на протестот , дека добивале пораки за наредба за протест и закана дека можат да ја загубат работата ако не протестираат пред Апелацискиот суд.

МВР и Интерпол распишаа  потреница за Сеад Кочан по која  се бара негово приведување за да им бидедостапен  на истражните судски органи и притворен во истражниот затвор во Шутка.

Веста е прочитана 3272 пати

Слични содржини