Се бојадисуваат јајца и на Велика Сабота

од Vladimir Zorba

Денес е Голема сабота, претпоследниот ден од Страсната седмица. Обично на овој ден се пече Велигденски леб. Кој не успеал да бојадиса јајца во четвртокот, може да го направи тоа и сега.
На вечерната литургија верниците носат јајца кои се осветуваат. Свештеникот го носи Евангелието и заедно со насобраните верници кои носат запалена свеќа кружат околу храмот.

На полноќ свештеникот известува трипати за воскресението со зборовите “Христос воскресна”, а луѓето му одговараат три пати “Вистина воскресна”.

По свечената служба и известувањето за воскресението на Христос, луѓето се упатуваат кон своите домови со запалена свеќа во рака.

Слични содржини