Се буди ли супервулкан што може да ја збрише Америка?

од desk3

Бран од речиси 900 земјотреси го погоди Националниот парк Јелоустоун во периодот од 12 јуни до денеска, а дали овие потреси може да значат будење на најопасниот супервулкан на светот?


Кога би се активирал вулканот во Јелоустоун, неговата ерупција би била илјада пати помоќна од ерупсијата на Сент Хелен од 1980 година. Сепак, изгледите за тоа се мали.

Земјотресите забележани во ова подрачје се мали со јачина од најмногу 4,4 степени според Рихтер, и иако се бројни во изминатиот период, во минатата деценија имало периоди и со повеќе земјотреси,
Потресите се забележани на длабочина од 14,5 километри под нивото на морето, а детектирни се од Опсерваторијата на вулкани во Јелоустоун на Универзитетот во Јута.

„Јелоустоун не еруптирал 70.000 години, па е потребно многу јаки земјотреси и поместување на тлото за повторно да се активира“, стои во соопштението од тимот за надзор на вулканот.
Јелоустоун инаку е најголема и најразноврсна колекција на термални извори на светот.

Сеизмичката активност во овој дел од Америка може но не мора да значи будње на супервулканот, бидејќи во последните 30 години, најголемиот земјотрес забележан е со јачина од 4,8 степени.

Инаку една студија изработена во 2013 година открива дека подземните комори со магма во вулканот се и до два и пол пати поголеми од што се претпоставуваше, а системот опфаќа 90 километри долга и 30 километри широка шуплина во која се наоѓа огромна количина лава или стопени карпи.

Кога таква количина би излегла на површина последиците би биле како во случај на нуклеарна војна. Северна Америка би била уништена, а и остатокот од светот би трпел последици.

Слични содржини