Се демонстрира ПРОТИВ! Паѓаат ли маски по улиците на Скопје ?

од Vladimir Zorba

Демонстрантите  извикуваа “Маските паднаа” на адреса на лидерот на Социјалдемократскиот сојуз, Зоран Заев, и против  т.н.. “Албанска платформа”. Маската е  на Иванов   го одолговлекува мандатот во обид да го  спаси Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ од одговорност за злосторствата и злоупотребите порачуваат од СДСМ

 

Неколку илјади Македонци  поддржувачи на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ со маски на лицата се вклучија во синоќешните  протести по централните улици на Скопје против спроведувањето  на како велат„ тиранската платформа“ на Албанците, а која според нив предизвикува измена на Уставот,  на државните симболи и воведување на албанскиот како службен јазик во Република Македонија.

Учесниците на протестот, кој се одржува секоја вечер веќе  15 дена наваму,  го обвинуваат Заев дека се договорил со албанските партии – ДУИ, Али Ахмети, Движење “Беса” на Билал Касам и Албанскиот сојуз на Зијдин Села да ги исполнел сите  нивните барања, од таа туѓинска платформа.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев на последната прес конференција на која ја промовираше новата владина програма посочи дека добар дел од барањата наведени во платформата, се одбиени и неприфатливи, а за дел може да се дебатира и се што е во рамките на Уставот може да биде прифатено.

(ФОТО) Интервју на лидерот на СДСМ Зоран Заев за српскиот дневен весник Политика: Нема да осудуваме други народи

 

Тој во последното интервју за српска Политика вели:

-СДСМ е државотворна партија. Ако некој во историјата на Македонија мислел на државата и влечел потези дури и на своја штета, тоа е Социјалдемократскиот сојуз. Тоа што Груевски преку медиумската пропаганда и преку Иванов се обидува да создава непостоечка реалност е друга работа. Ние и пред изборите излеговме со нашата програма План за живот и внатре еден од петте столба беше едно општество за сите. Тој концепт на заедништво и победи во Македонија. И сега во владината програма јасно се обврзуваме на тоа. Секој што не сака да го види тоа, значи дека не и мисли добро на Македонија и ќе мора да ги понесе последиците за својата неодговорност.

-Постои еден конкретен писмен документ пред јавноста зад кој застанува новата Влада и јас како иден премиер – Програма на новата Влада на Република Македонија, во којшто децидно стои дека новото парламентарно мнозинство е силно посветено на зацврстување на унитарноста, суверенитетот и стабилноста на Република Македонија. Тоа е единствениот валиден домумент за граѓаните и за државата.

 

Сепак ВМРО ДПМНЕ која е дел од овие протести под маски  не сака да ги слушне овие пораки и мобилизира се повеќе демонстранти во речиси сите градови во државата. Тоа се  граѓани кои искрено се плашат за иднината на државата но главно на улиците има голем дел од членството на ВМРО ДПМНЕ и администрцијата која ја вработуваше во ове 10 години.

Експертската јавност проценува дека сепак целата мобилизација е за да се спречи смена на власта и преку вонредна состојба да се дојде до уште едни избори, на кои со оваа националистичка тема за „заштита на Македонија од  загрозеноста од Албанците“,  ВМРО ДПМНЕ би победиле со поголема разлика  и би продолжиле да си владеат без да имаат никаква одоговорност пред СЈО и обвинувањата за криминалите.

Аналитичарите тврдат дека во таа игра е внесен и претседателот на државата Иванов кој не го дава мандатот и исто така се крие зад маската на своите познати условувања за некаква безбедност и унитарност или како што вчера одговорија од неговиот кабинет :

„ се уште не се отстранети пречките што го загрозуваат интегритетот на земјата“.

Во своето последно обраќање претседателот Иванов инсистираше Зоран Заев отворено и јасно да ја  отфрли “албанската платформа”. Според претседателот , оваа платформа ја става земјата во позиција на подреденост или зависност од друга земја, земјата ќе биде оштетена, а нејзината унитарност, суверенитет и независност ќе бидат загрозени.

Од СДСМ реплицираат со испорачување на мандатот  и брзо формирање влада ќе се реши политичката криза. “Го повикуваме Иванов да не одолговлекува во обид да го  спаси Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ од одговорност за злосторствата и злоупотребите и да им  даде мандат за формирање нова реформистичката влада на граѓаните на Република Македонија”. Тоа е потврдено со 67 потписи на пратеници од вкупно 120  колку што ги има во новиот парламент, велат од СДСМ.

Протестите  на власта за спречување формирање нова влада и промени на владеењето на власта на ВМРО ДПМНЕ од СДСМ продолжуваат  и денеска.

Деновиве се очекува парламентарното мнозинство од улица, и тв студија  да ја пренесе дебатата за Македонија во парламентарната сала и од собраниската говороница, и да започне со формирање на инситиуциите на државата согласно Уставот и Законите.

Следува ПАРЛАМЕНТ – избор на нов ПРЕТСЕДАТЕЛ !

Прво на ред е избор на претседател и потпретседатели на новиот Парламент, а потоа и комплетирање на сите собраниски комисии. Парламентот треба да биде функционален и заради распишување на локални избори, како и за заокружување на изборниот процес и изборите кои се оддржаа на 11 декември.

Тоа го бара и Европскиот парламент кој вчера го одложи изгласувањето на извештајот за Македнија и чека на формирање на нов Парламент и Влада, како обврски од пржинските договори .

Не е исклучено со оглед на целите на власта на заминување,  уличната дебата да пробаат да ја „ втурнат“ внатре во парламентот и да спречат негово формирање, се со цел правење инциденти и терен за демек нефункционалност на институциите, изнуда на нови избори на кои на едно би се гласало повторно за нови пратеници и градоначалници, вест која на големо на ниво на закана и шпекулација се форсира меѓу масите демонстранти.

Нови избори, освен ВМРО ДПМЕ,  одбиваат и се неприфатливи за сите други партии кои го имаат парламентарното мнозинство и освоиле мандати во парламентот на последните избори од 11 декември, а тоа сценарио освен немир кај граѓаните и дисквалификација на Македонија пред меѓународната јавносот нема да има никаков ефекет по смената и промените на власта,  од што нема откажување порачуваат пратениците на парламентарнот мнозинство.

Ад

Слични содржини