Битолчани денеска протестираа пред општина Битола со барање за оставка на градоначалникот Владимир Талески. Велат дека вечерта ќе ја поминат пред општинската зграда за утре лично од Талески да побараат да си потпише оставка.Претходно додека демонстрираа по градските улици битолчани носеа транспаренти на кои пишуваше „Парите се отепувачка“, „Истрага, робија“, „Оди си Владе, мизерија ни даде“, а се пееше и видо изменет текст од народната песна „Лажи, лажи Владе (Вере)“.

 

http://tera.mk/images/stories/vesti/aktuel/2015/05/2_copy.jpg

Според демонстрантите, битолскиот градоначалник не водел грижа за здравјето на битолчани, не го почитувал меморандумот за соработка со здружението за следење на загаденоста на воздухот, коруптивниот договор со „Транскоп“, дупките по улиците, стадионот и исечените дрва.

„Остануваме вечерва тука пред општинската зграда будни ќе го дочекаме неговото доаѓање на работното место утре, за да не се мачи да ја пишува, ќе му ја дадеме составена оставката само да го стави својот потпис и потоа како што налага законот по шест месеци ќе треба да се одржат локални избори за нов градоначалник“, изјави Горан Пинза, еден од организаторите на протестот.

На видео бим прават ретроспектива на се она што тие го направиле и на се она што градоначалникот го ветил а не го исполнил.

Фото: Тера

Слични содржини