Се финализираат преговорите за нова влада!?

од Vladimir Zorba

Интензивни преговори за формирање на новата Влада се водеа во текот на вчерашниот целиот ден. Преговорите влегуваат во завршница. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вчера беше на средби во Тетово со идните партнери во владата – Ахмети и Села. По средбите, Заев рече дека е важно да се направи соодветен избор на кадри, информира ТВ24.

„Многу ни е важен квалиетот на луѓето, уште не сме ги отвориле имињата. Рековме до каде има подготвеност околу ресурите, целото тоа може да ни падне во вода ако се нема квалитетни кадри.“ – изјави Заев.

Заев прво се сртена со Села во седиштето на неговата партија, а по средбата од Алијансата за Албанците посочија дека сепак се разговарало за поделба на ресори.

„Првичните позиции за ресорските решенија, покрај принципите за формирањето на новата влада, беа тема на денешната средба“ – велат од партијата.

Од кај Села, Заев се упати кај Ахмети на куса работна средба. По заминување на Заев, во ДУИ продолжија со внатерпартиски консултации. По неколлку часа оттаму замина и Ахмети, без да даде изјава за новинарите. Следуваше партиско соопштение кое исто така потврди дека се разговарало и за поделба на ресори.

„По принципиелното усогласување на програмата, двајцата коалициски партнери разговараа и околу распределбата на ресорите и се согласија дека новиот владин кабинет има потреба за одговорни и квалификувани кадри“ – информираа од ДУИ.

Заев го напушти Тетово и се врати во седиштето на СДСМ, каде се сретна и со лидерот на БЕСА, Билал Касами. Средбата тареше неколку часа, по што Касами посочи дека се уште продолжуваат преговорите за БЕСА да се приклучи во Владата на СДСМ.

„Разговараме и понатаму за учество на Беса во влада која ќе биде реформска. За нас се важни принџципите на состанување на едната влада, работиме на договори на тие принципи кои ќе бидат гаранција дека идната влада ќе работи во интерес на граѓаните.“ – изјави Билал Касами, претседателот на БЕСА.

Рокот во кој Заев треба ја соатави новата Вада, истекува на шести јуни, а за сега во игра се повеќе имиња за министерските позции. Како најсигурни се вртат имињата на Олиевр Сапсовки, и Радмила Шеќеринска. Рената Десковска доколку биде повлечена од местото потпретседател на Собрание и оди во изврпшната власт, тогаш на нејзино место ќе седне Ременски. Освен ова во СДСМ се планираат и внатерпартиски промени./извор ТВ24

Слични содржини