Се гледа ли нова Јалта

од Vladimir Zorba

Читајќи весници наслови и интернет сајтовите, човек би останал со впечаток дека новиот претседател на САД Доналд Трамп дал наредба за повлекување од Европа и најмалку уште останува Русија да влезе во земјите од Централна и Источна Европа. Грозни се, со други зборови, таквите замисли нова Јалта (имено “загрозува”, а не се “заканува”), пишува Димитар Бечев на блогот на “Институт за европски политики”.

По враќањто кон соработка меѓу Америка и Русија се отвора широко вратата за заживување на руската империја – не само во постсоветскиот простор, но и на запад од неговите граници.

НАТО, која самиот Трамп неодамна во интервју за “Билд” и “Тајмс” ја утврди организација чиве време е минато, треба постепено да биде распуштенаа. Европската унија е во скратување и разделена откако во Брекзит влегуваат и другие земји членки, како што се Франција.

На нивно место доаѓа совет на големите сили по моделот на Европската концепт од 19 век, каде Русија е еден од столбовите. Сеедно во Кремљ управува Александар I или, уште поточно, неговиот брат Николај I, одржувач на конзервативните вредности и жандармите на Европа, а не Владимир Владимирович Путин.

Наместо наднационалните институции, европски и меѓународни судови, мултилатерални договори, прекугранични НВО-та на глобалната сцена главни актери се лидери со цврста рака како Путин, Трамп, Виктор Орбан, а зошто не и идниот наследник на Ангела Меркел во Германија?

Москва меѓувреме го враќа своето влијание како во поранешниот СССР, така и во земјите од некогашниот социјалистички камп. Целосен пресврт, крах на “либералниот поредок”, Путин ја освои студената војна, Америка е во улогата на Русија од времето на Елцин.

Јасно е дека во ваквите тврдења има барем одредена вистина. Меѓутоа, јасно е дека медиумските коментатори сакаат хипербола и гласни наслови што се лесно примамливи и го оттргнуваат читател (особено од социјалните мрежи).

Реалната слика е доста суптилна.

Договор меѓу САД и Русија нема да е толку лесна. Ниту пак европската политика ќе биде прекроена еднострано од САД. Еве зошто:

Двосмисленост во САД

Во новата администрација во Вашингтон се раздвоени во однос на политиката на Москва. Има мислители за тесна соработка (советникот на Трамп за прашањата на националната безбедност Мајкл Флин), но и јастреби кои се прашуваат и сомневаат кон Русија (Џејмс Матис, секретар за одбрана, Мајк Помпеја, директор на ЦИА).

Државниот секретар Рекс Тилорсън кој има “топла врска” со Кремљ по долги години на чело на нафтената компанија Exxon Mobil, исто така изрази поддршка на западните санкции против Русија при сослушувањата во Сенатот.
Политиката на Трамп ќе е поле на внатрешните битки. Да не заборавиме и позицијата на влијателни републиканци во Конгресот, кои се однесуваат, најблаго речено, со скептицизам во однос на идејата за унија со Путин.

Почетната понуда

Трамп предложи укинување на санкциите (без да прецизира дали станува збор за сеопфатна или само делумна) во замена за договор за намалување на нуклеарното оружје. Интересот на Кремљ сепак не е во нуклеарната сфера, а во политичката средина во постсоветскиот простор.

Она што Путин го очекува од Трамп, е обврска дека Америка ќе се повлече целосно од Украина, Грузија и сл, а исто така ќе пристапи кон демилитаризација на источното крило на НАТО. Според мислењето на Москва договори од типот на СТАРТ 2 потпишан од Обама и Медведев 2010 година, уживаат претежно САД.

Во таа смисла очекувањата на Русија може да се покажат премногу високи. Да не зборуваме дека Москва тешко ќе успее да предложи кој знае што во замена за отстапките што бара од американската страна.

Наведува кон едностран пристап

Трамп е воден од сфаќањето дека САД треба да дејствуваат сами во глобалната политика. America First, лајт мотив на неговата говор при инаугурацијата, значи откажување на долгорочни обврски спрема партнери и сојузници.

Тоа е проблем и за Кремљ. Одбележувањето на сфери на влијание во Европа не е еднократна трансакција, имено постојан ангажман, кој мора да се почитува. Токму непредвидливоста на Трамп е повод барем засега Путин да е во подобра позиција и да не влегува во длабочина за тоа што би сакал да се случи во односите со САД.

Дури и да се постигне некаков договор, кој влијае врз Источна Европа, тоа нема како да проработи, ако останатите играчи не се приклучат кон него и не го почитуваат. Трамп нема кда и ја “подари” Украина на Русија, ако самите Украинци не се подготвени да се согласат.

Нова Јалта не може да има, бидејќи Москва нема ресурсие, капацитетот и желбата

да го преземе товарот да одржува нова империја во Источна Европа. Денешна Русија е бледа копија наа СССР и не располага како со принудните инструменти (воена моќ), така и со економските средства (на пример различни форми на субвенционирање), за да воспостави и одржува контрола над некогашните сателити како Бугарија. Дури улогата на хегемон во поранешниот Советски Сојуз не е целосно по силите на Москва.

Така на пример во Средна Азија Кина мора де повеќе и повеќе како водечки економски и политички лидер. Земјите од Источното партнерство пак во голема мера гравитираат, барем во однос на трговските односи, кон ЕУ.

Русија тешко би можела целосно да ги замени другите центри на моќ, уште повеќе во момент кога доживува внатрешно економиски тешкотии. Со други зборови, повлекувањето на САД, што и без тоа претставува тренд барем од 2008 година, не води автоматски до руско владеење – било да е тоа во границите на поранешниот СССР, било да е тоа во Централна и Источна Европа.

Слични содржини