Се истражува некропола од античкото Македонско Кралство

од Vladimir Zorba

Интензивно се вршат археолошки ископувања на локалитетот Долиште кај селото Прилепец, како капитален проект на Управата за заштита на културното наследство, бидејќи е утврдено дека некропола датира од периодот на античкото Македонско Кралство.

28112016105200_web_nekropola
Реализатори на проектот, под раководство на д-р Антонио Јакимовски, се Филозофскиот факултет при УКИМ – Скопје и прилепскиот Завод и Музеј. Со теренските истражувања раководи археологот Душко Темелкоски, а проектот е поддржан со 300.000 денари и ќе трае околу 20 денови.

– Се истражува еден сегмент од просторот за погребување. Откриени се пет гробови, од кои три детски и еден на родител погребан со своето дете на мала возраст. Пронајдените движни наоди (керамички садови, накит, монети) укажуваат на користење на некрополата во интервал од околу 800 години, односно во времето на античкото Македонско Кралство и подоцна во времето на Римската Империја. При погребувањето во македонскиот период покојниците се спалувале, додека во римскиот период се практикувало закопување – вели археологот Темелкоски за Нова Македонија.

Слични содржини