Се отвораат евро-атлантските перспективи, завршува изолацијата предизвикана од Груевски

од Vladimir Zorba

 

Децениската изолација на Македонија поради криминалните интереси на Никола Груевски и криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ заврши со формирањето на новата реформска и демократска Влада предводена од СДСМ.

Лицемерно е од ВМРО-ДПМНЕ да зборуваат за евро-интеграции кога за 11 години власт, правеа се за да ја оддалечат Македонија од евро-атлантските интеграции.

Владата предводена од СДСМ ги отвора евро-атлантските перспективи и ги придвижува интеграциските процеси за членство во ЕУ и НАТО како врвен државен и граѓански интерес. За таа цел, неопходно е сите, вклучително и ВМРО-ДПМНЕ како конструктивна опозиција, активно да ги поддржат реформите што значат продолжување на интегративните процеси на Р. Македонија, се вели во денешното соопштение на СДСМ.

Слични содржини