„Се отворија вратите на пеколот!“ – реакции по одлуката на Трамп, Ерусалим да го признае за главен град на Израел

од desk4

На одлуката реагираа и палестинските организации Хамас и ПЛО.

Израелскиот претседател Ревлин ја поздрави одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим за престолнина на Израел и да ја премести таму американската амбасада.

– Му честитам на претседателот Доналд Трамп на неговата најава за американско признавање на Ерусалим за главен град на Израел и на очекуваниот чекор за преместување на амбасадата. Нема посоодветен или поубав подарок во пресрет на 70-годишнината од независноста на дражавата Израел, наведе Ревлин.

Тој оцени дека овој чекор претставува признавање на „правото на еврејскиот народ на сопствена земја и пресвртница на нашиот пат кон мирот – мир за сите жители на Ерусалим и за целиот регион“.

– Ерусалим не е, и никогаш нема да биде, пречка за мир за оние кои сакаат мир, истакна тој.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја оквалификува како „историска“ одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел.

Нетанјаху ги повика и другите држави да го следат потегот на САД и да ги преместат своите амбасади во Израел во Ерусалим.

Палестинската организација Хамас во првичниот коментар во врска со одлуката на Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел нагласува дека со тој потег „се отвораат вратите на пеколот“.

Салах Багдавил, официјален претставник на Хамас изјави денеска дека Палестиците „се наоѓаат на опасна крстосница – Или ќе опстанеме или ќе пропаднеме, додаде тој.

Палестинската ослободителна организација (ПЛО) наглсува дека декларацијата на Трамп ги уништува напорите за формирање „принцип на две држави“.

Главниот преговарач во израелско-палестинскиот конфликт од страната на палестинските власти Саеб Ерекат.

– Одлуката на претседателот Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел ја дисквалификува САД од играњето каква и да е улога во израелско-палестинскиот мировен процес, изјави Ерекат.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изјави денеска дека статусот на Ерусалим може да биде дефиниран само преку преговори.

Францускиот претседател Емануел Макрон изрази жалење од одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел.

Трамп денеска изјави дека е време Ерусалим да биде признат за главен град на Израел, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп.

– Мојата денешна објава го одбележува почетокот на нов приод кон конфликтот меѓу Израел и Палестинците. Во 1995 година, Конгресот усвои акт со кој се побара федералните власти да ја преместат Амбасадата во Ерусалим и да го признаат тој град за престолнина на Израел. Овој акт беше усвоен со големо мнозинство, истакна Трамп./извор АлсатМ

Слични содржини