Се подготвува филм за бурниот живот на Бритни Спирс

од Vladimir Zorba

Американската телевизија “Лајфтајм” подготвува филм за бурниот живот на поп иконата Бритни Спирс, соопшти АФП.1a4e3aaacd8df9b006a7ebc292dd519f

Во улога на пејачката ќе е Австралијката Наташа Басет, која стана позната по филмот “Аве, Цезар!” на браќата Коен.

Филмот “Бритни” ќе биде емитуван следната година и ќе ги следи подемите и падовите во животот на пејачката – од раната нејзина слава до здравствените лични проблеми, па и до последното триумфално враќање на сцената.

Снимањата ќе започнат во септември.

Бритни Спирс се претставува одлично во Лас Вегас, каде што има договор од 2013 година. Таа го сними деветтиот албум “Glory”, кој ќе излезе во продажба утре, а во недела ќе пее на церемонијата за видео музичките награди на MTV во Њујорк.

Слични содржини