Се појави “најбурно”, замина “најскромно”! Кастро погребан само во тесен семеен круг…

од desk3

Таткото на кубанската револуција Фидел Кастро беше погребан на скромна церемонија во тесен семеен круг.

Неколку часа пред официјалниот почеток на телевизиското емитување на погребот, сигналот бил прекинат, аподоцна денеска државната телевизија ќе емитува извадоци од церемонијата.

2111241172

Во пламен говор синоќа, кубанскиот претседател Раул Кастро најави дека ќе ги брани заветот на својот брат и социјализмот.

Покрај тоа, владата ќе поднесе закон, по волјата на самиот Фидел Кастро, кој отфрла секакви манифестации на култ кон личноста , како давање на негово име на плоштади, улици и издигнување на негови споменици.
Во исто време во главниот град Хавана одржаа комеморација со 21 топовски истречи почесна стрелба.

Последниот дом на Кастро ќе биде гробиштата Санта Ифигенија, каде почиваат и други познати Кубанци како лидерите на кубанската ослободителна борба против шпанската власт Карлос Мано де Сеспедес и Хозе Марти.

За последните неколку дена моторизираната придружба со правот на Кастро пропатува илјадници километри на територијата на 13 од 15-те провинции на островот, собирајќи големи толпи испраќачи на секаква возраст.

Фидел Кастро почина на 25 ноември на 90 годишна возраст.

Слични содржини