Се породи силувано 10-годишно девојче во Индија, судот не дозволи абортус

од desk2

Девојче на возрат од 10 години, жртва на силување, чие барање за абортус Врховниот суд на земјата го одби, роди бебе во болницата во Чандигар.


Докторите изјавија дека девојчето се наоѓа во стабилна состојба, Бременоста и раѓањето, со оглед на годините на девојчето биле ризични па затоа биле потребни цел тим доктори.

„Раѓањето се изврши со царски рез, а бебто е тешко 2,5 килограми“, вели доктор Дасари Хариш.

Девојчето не било свесно за време на породувањето. Родителите и рекле дека има камен во желудникот и дека поради тоа треба да оди на операциј. Нејзиниот татко побарал бебето да се даде на посвојување.

Девојчето. Наводно неколку месеци го силувал нејзиниот чичко кого полицијата го уапсила. Семејството дознало за бременоста откако девојчето се пожалило на болки во стомакот. Кога отишле во болница се утврдило дека таа е трудна веќе 30 недели.

Индискиот суд на 28 јули го одбил барањето за абортус, со образложение дека би било опасно за девојчето и за фетусот. Судот дозволу прекина на бременоста до 20 недела.

Слични содржини