По вчерашните маратонски преговори на работните групи, кои траеле до 2 часот по полноќ, договор нема, но има приближување на позициите за едно од најспорните прашања – тимот со кој ќе работи обвинителот.

11787364_1479468552368251_635089416_n

Претставниците на партиите потписници на Договорот од Пржино договорија дека специјалниот обвинител ќе има тим обвинители кои заедно со него ќе работат на аферата прислушување и случајот „Пуч“.

Се уште не е договорено колку помошници обвинители ќе има и дали за тоа ќе одлучува специјалниот обвинител како што инсистираше ЕК.

Олеснувачот Питер ван Хојте инсистирал законот да се затвори уште на вчерашните преговори за од денеска партиите да се фокусираат на имињата за специјален обвинител.

 

МЕТА

Слични содржини