Голем број на граѓани вечерва пред СЈО потпишуваат изјави дека боеле со Шарената револуција, објави А1 он.

timthumb (15)

Потписите се собираат како поддршка на оние што се приведени поради боење државни институции и кои се повикувани на информативен разговор во МВР.

„Од оваа борба нема откажување! Нема да не заплашат заканите и притисоците! Нема да не заплашат повици за информативни разговори! ‪#‎Протестирам‬ не е проект со ограничено времетраење ниту пак нечиј инструмент за постигнување некаква цел. Тоа е нов менталитет на МОЌНИ граѓанки и граѓани, кои извикуваат ДОСТА Е, но и кои самите ја градат визијата за подобро општество“, порачуваат од граѓанската иницијатива. timthumb (14)

Главната парола на демонстрантите денеска е „Се пријавувам, и јас сум хулиган-ка“.

Слични содржини