Се продава приватниот авион на Елвис Присли

од Vladimir Zorba

 

Приватниот авион кој му припаѓал на американскиот музичар Елвис Присли ќе биде понуден на аукција откако 30 години стоеше на пистата во американската сојузна држава Ново Мексико.

Седиштата од виолетово кадифе и црвен килим ја украсуваат внатрешноста на авионот, дизајниран лично од Елвис.

Авионот од 1962 година нема мотор и потребно е целосно реновирање на пилотската кабина.

Леталото било во сопственост на познатиот американски изведувач и негов татко, Вернон Присли.

Авионот е речиси 35 години во приватна сопственост и се наоѓа на пистата во градот Росвел во Ново Мексико.

Леталото ќе биде понудено на аукција на 27 мај и се проценува дека ќе достигне цена од околу 3,5 милиони долари

Слични содржини