Автомобилот марка “Ферари” 250 GT SWB Berlinetta Speciale се очекува да собере на аукција 16 милиони долари.1962-Ferrari-250-GT-SWB-Berlinetta1-528x276

Високата цена се должи на уникатниот дизајн на автомобилот. Негов автор е легендарниот дизајнер Џорџо ЏуЏаро кој го создава возилото под водството на својот шеф Џузепе “Нучио” Бертоне, во чие креативно студио се раѓаат некои од најпознатите автомобили на 20 век.

И покрајсвојот успех меѓу брендови како “Ламборгини”, “Ланчиа” и “Алфа Ромео”, Бертоне сака да создаде дизајн и за “Ферари”. Така во 1962 година тој купува шасија на 250GT SWB и со помош на својот дизајнер ЏуЏаро создава единствен автомобил кој ќе се продаде на аукција во средината на следниот месец.1962-Ferrari-250-GT-SWB-Berlinetta3-528x332

Дизајнот на автомобилот успешно ја комбинира т.н. муцка на ајкула однадвор и ентериерот со спортски елементи внатре. Меѓу другите луксузни реквизити се и седиштата облечени во кожа, изменетиот дизајн на воланот и отстранливи автоматски стакла на прозорците.

Автомобилот бил сопственост на Бертоне пред да го продаде во 1963 година. Оттогаш тој бил поседуван од различни сопственици, но никогаш до сега не бил продаден на аукција.Bertone_Ferrari_250_GT_SWB_3269GT_1962_rear_side_viewBertone_Ferrari_250_GT_SWB_3269GT_1962_front_side_viewBertone_Ferrari_250_GT_SWB_3269GT_1962_side_view

Слични содржини