Се проширува листата: Дипломатски пасоши поседуваат Калиопи, Хари Костов, Мијалков, Срѓан Керим, Црвенковски, Љубчо Георгиевски, Груевски

од Vladimir Zorba

Во моментов има валидни над 1300 дипломатски пасоши, а меѓу нив се актуелни и поранешни функционери, судии, обвинители, директори на јавни институции, академици, раководни лица од верските заедници, пратеници, уметници, спортисти, градоначалници, лекари, еден новинар, но и лица на кои одамна им поминал мандатот и функцијата, но сепак и натаму се на списокот на МНР, објави НоваТВ.

Според информациите на медиумот, дипломатски пасоши поседуваат поранешниот и актуелниот претседател Бранко Црвенковски и Ѓорѓе Иванов, како и неговата сопруга Маја и синот Иван. Членови од Кабинетот на Иванов и негови соработници.

Исто така дипломатски пасош поседуваат и поранешните премиери Никола Груевски, Емил Димитриев, Владо Бучковски, Хари Костов, Љубчо Георгиевски и неговата сопруга Снежана, поранешните спикери во Парламентот, Трајко Вељаноски и сопругата Сузана, Љубиша Георгиевски, екс генералниот секретар на Собранието, Жарко Денковски, поранешни и актуелни пратеници.

Екс претседателката на Судскиот совет, Александра Зафировска и судијката Александра Поп – Стефанија. Поранешниот ректор Велимир Стојковски, разрешениот директор на Државниот архив, Филип Петровски. Ракометарот Кире Лазаров, одбојкарскиот тренер Јошко Миленкоски, пијанистот Симон Трпчески, пејачката Калиопи Букле, директорот на Танец, Зоран Џорлев и многу други личности кои од МНР добиле дипломатски пасош.

Според Законот, дипломатски пасош им се издава на избрани и именувани лица, раководни државни службеници, дипломатско-конзуларни службеници вработени во МНР или во претставништвата на Македонија во странство, на воени претставници на безбедносните органи во странство кои имаат дипломатски статус, на лица кои со одлука на Владата заминуваат на работа во меѓународни организации во својство на функционери со дипломатски ранг во тие организации, како и на дипломатски курири.

До 2010 година МНР на медиумите им даваше одговори за бројот на издадени дипломатски и службени пасоши, но потоа со доаѓање на министерот Никола Попоски се криеше и списокот и бројот на дипломатски пасоши под назнаката „класифицирани информации“.

Начинот на издавање на дипломатски пасоши е регулиран со закон, но она што му остава простор на лежерност на министерот за надворешни е Правилникот во МНР кој се чува во тајност и од кој го црпи неговото дискреционо право да доделува патни исправи и на лица кои не влегуваат во законската рамка.

повеќе тука

Слични содржини