Турција го прекинува дејството на Конвенцијата за правата на човекот за време на вонредната состојба што беше прогласена во земјата, објави ТАСС.
“Ние сакаме вонредната состојба да продолжи месец-месец и половина. Не предвидуваме воведувањето на полициски час. Но, додека дејствува вонредната состојба, привремено ќе биде суспендирано спроведувањето на Конвенцијата за правата на човекот “, изјави заменик премиерот на Турција Нума Куртулмуш.

0553767001468766451_551967_600x458
Тој дополни дека се “означени структурни и индивидуални пропусти во работата на разузнавањето” во контекст на добивање на информации и донесувањето на мерки при подготовката на превратот. Тој ги негираше информациите за изгубени или скриени турски бродови. Претходно Ердоган посочи дека апсењата ќе продолжат, без оглед на тоа дека многу луѓе веќе се приведени.
“Сега се приведени 9004 лица, а уапсените се 1933. И тоа според мене не се конечните бројки. Сметам дека приведените и уапсените ќе фрлат светлина на уште многу имиња, тоа е очигледно “, додаде тој. Според последните информации, цитирани од агенциите, при обидот за државен удар загинаа 190 турски граѓани, повеќе од 100 од бунтовници се убиени, а околу 1 500 лица се повредени. Според објавените бројки на 19 јуни од вицепремиерот Нума Куртулмуш , во врска со обидот за преврат се приведени повеќе од 9300 лица.
Меѓу нив има илјадници војници и стотици судии, обвинители и полицајци. Според податоците на весникот “Хуриет” под обвинение за поврзаност со организаторите на пучот беа отпуштени околу 50 000 вработени во државни институции. Масовни отпуштања има во државниот апарат, воените структури, Главната дирекција за религиозни организации, Министерството за образование и потчинетите институции.

Турскиот претседател најави и 3-месечна вонредна состојба во земјата. Државниот удар во Турција можеби уште не е завршена, предупреди претседателот Реџеп Ердоган.

Вонредната состојба е потребна за да се отстранат брзо сите елементи на терористичката организација која учествувала во обидот за преврат “, рече Ердоган во претседателската палата во Анкара. Според него е можно и други земји да се вмешани во превратот, додавајќи дека опозиционерот Фетулах Гулен, кого го обвинува како организатор на превратот, може сам да бил предводен од повисоките сили. претходно Ердоган го повика францускиот министер за надворешни работи Жан-Марк Еро “да си ја гледа својата работа”.

Слични содржини