Се расплеткува „ Диво насеље“-Се знаело ли се и пред да почне убивањето?

од Vladimir Zorba

Со последното рочиште приказната , случајно или намерно , според исказите на сведоците добива друг тек. Ако се веродостојни исказите на обвинетите, испаѓа дека акцијата не била тајна ниту за полицијата ниту за политичките структури на ДУИ.  Од се кажано во судница изгледа само жртвит не знаеле па загинале. Многу отворени прашања, особено по последното сведочење на еден од командантите на  оваа терористичка група, кои и судот и експертите ке треба да ги аналзираат за да се дојде до вистината- што се случи во „ Диво насеље“?

 

Во случајот „Диво насеље“, вчера  на обвинителната клупа сведочеше второобвинетиот Анди Красниќи познак како командат Малишева.Тој изјави дека не се чувствува виновен за настанот и твдри дека тоа е политички монтиран .

Командатот Малишева истакна дека за доаѓањето во Куманово, на таканареченото Друштво на ветерани на ОНА во кое членува и тој, знаеле високи партиски функционери на ДУИ.

Меѓу нив ги спомна Ејуп Алити познат како Секретар за спроведување на Охридскиот рамковен договор, и Садула Дураку актуелен градоначалник на Липково. Посочи и на телефонскиот разговор кој сега веќе починатиот командант Ндрецај го имал со претседателот на ДУИ Али Ахмети.

Освен тоа, тој рече дека групата која дошла од Косово била нападната без да биде предупредена, а нивниот влез во државата го следело и МВР кое, како што рече, најверојатно знаело за нивното доаѓање.

Малишева исто така ја објаснуваше и трасата по која дошле, односно дека влегле преку премин меѓу Косово и Македонија кој не е признаен од Македонска страна каде најпрвин ги пречекал човек и ги спровел до првото село . Тврдеше дека целта им била преку соопштение да упатат порака до македонските политичари да почнат да го имплементираат Охридскиот рамковен договор , но и албанците да се обединат околу црвено црното знаме. Сепак призна дека кога навлегле подлабоко во шумата откако го поминале Белановце  биле однесени до местото каде ги чекало оружје и опрема.  

Адвокатот на одбраната Насер Рауфи во изјава за медиумите а повикувајќи се на изјавата која ја даде командант Малишева во судот истакна дека групата која дошла од Косово била нападната без да биде предупредена а нивниот влез во државата го следело и МВР кое, како што истакна обвинетиот, најверојатно знаело за нивното доаѓање.
„Биле запознаени за разни структури, дури и за припремата и со самото пристигнување на групата, и дека тоа го знаеле и припадниците на Министерството за внатрешни работи. Практично, таа група била следена и пред пристигнувањето. Од исказот на овој обвинет произлезе дека воопшто не била целта како што е тоа прикажано во диспозицијата на обвинителниот акт, а подоцна и дека имале намера да извршат разноразни кривични дела, атентати, рушење брани итн. “- изјави Насер Рауфи.
На минатото рочиште исказ даде првообвинетиот Сами Ушкини алијас Командант Соколи. Во судницата рече дека специјалците кои загинаа во Диво Насеље биле убиени од свои колеги.Според него, групата била подговена да се предаде, но тогашните челници на МВР одбиле такво нешто.

Со последното рочиште приказната , случајно или намерно , според исказите на сведоците добива друг тек. Ако се веродостојни исказите на обвинетите, испаѓа дека акцијата не била тајна ниту за полицијата ниту за политичките структури на ДУИ.  Од се кажано во судница изгледа само жртвит не знаеле па загинале. Многу отворени прашања, особено по последното сведочење на еден од командантите на  оваа терористичка група, кои и судот и експертите ке треба да ги аналзираат за да се дојде до вистината- што се случи во „ Диво насеље“. Отоврено прашање е ако им се верува на исказите тогаш кој ги викнал, кој и зошто пукаше, што беше целта, и дали жртвите беа или не беа отпишани како колатерална штета за други цели!? Ако и не било планирано пукање, туку пресс, ама зошто тогаш им било оружјето? Вистината е повеќе од потребна за да се елиминираат сите сомнежи и шпекулации.

Во дводневната престрелка во кумановско Диво Насеље загинаа осум припадници на македонската полиција и десет припадници на вооружената група.

Следното рочиште за овој судски процес е закажано за 27. март.

Слични содржини