Се разболе адвокатката на обвинет во „Труст“

од desk2

Во кривичниот суд во Скопје за денеска имаше закажано рочиште за случајот „Труст“, во кој првообвинет е бизнисменот Сеад Кочан, заедно со Василије Авировиќ и Сафет Ватиќ како и три правни лица, за незаконско учество на тендер на Електрани на Македонија.

Судењето беше одложено бидејќи не се појави адвокатката Сања Алексиќ, која го брани второобвинетиот Василије Авировиќ. Адвокатката, која е дел од одбраната на обвинетите за „Тенк“ вчера побара да биде одложено денешното судење за тој случај, бидејќи, како што рече, денеска имала претходно закажано рочиште за предметот „Труст“. Причината поради денешното отсуство е поради тоа што адвокатката се разболела, за што претходно се чуле со судијката. Следното рочиште е закажано за 20 февруари. Овој предмет е во завршна фаза, но се одложува неколкупати досега. На ред се доказите на одбраната, по што се очекуваат завршните зборови и пресудата. Според обвинението, осомничените со фалсификувани документи местеле тендери во ЕЛЕМ и го оштетиле буџетот за 17 милиони евра.

Во предметот „Тарифа“ пак, за кој денеска е закажано ролиште, обвинети се поранешниот генерален директор на АД „ЕЛЕМ“ Дејан Бошковски и уште други две лица. На денешното рочиште треба да се сослушуваат сведоци. Станува збор за обвинение за противзаконска набавка на софтверски систем за потребите на државната компанија „Електрани на Македонија“ вреден приближно четири милиони евра. Обвинителите на СЈО рекоа дека ќе докажат оти тројцата обвинети ја злоупотребиле службената положба и овластувањето. Обвинетите пак се изјаснија дека не се виновни./Макфакс

Слични содржини