Учениците од средното економско училиште и „Јане Сандански“ и медицинското „Др. Јован Калаузи“ денеска не седнаа во училишните клупи со што се приклучија на своите соученици во средношколскиот бојкот. Вeќе четири од шест гимназии во Битола ја бојкотираат наставата, информираат од Средношколскиот пленум во Битола.

Медицинско училиште „Др. Јован Калаузи" - Битола

Битолските средношколци од економското и медицинското училиште им се придружија на своите соученици од останатите градови во бојкотот барајќи да се одржи средба со ресорниот министер со цел да бидат слушнати нивните барања. Но, иако министерот Абдилаќим Адеми во неколку наврати рече дека е расположен да се сретне со нив, досега немаше ниту една официјална покана за средба.

„Засега атмосферата е супер, немаме притисоци. Утре очекуваме да ни се приклучат уште две средни училишта за целосно да се комплетираме. Во моментов се бојкотира наставата во двете смени и се вклучени втора и трета година“, велат за Радио МОФ од Пленумот во Битола.

Бојкотот на наставата во исто време продолжува и во Охрид, Тетово, Скопје, Куманово./извор Радио МОФ

Слични содржини