Малкумина претставнички на понежниот пол признаваат, но и жените гледаат порно. И според новото истражување, тоа не е воопшто “меко”, туку вистински “хардкор”.42375a47735fd2037d7aba5500d67de3

“Во женската сексуалност има еден феномен кој не се забележува кај мажите. И тоа е разликата помеѓу тоа што е еротика, а што навистина ги возбудува жените “, вели неврологот Оги Огас.

Заедно со колегата Саи Гадам тој спроведува истражување меѓу визуелна порнографија и женската сексуална желба, за да открие што е различно кај дамите.

Огас успева да го одреди типот на жените кои сакаат да гледаат поспектакуларно и “хард” порно.

“Жените кои паѓаат на хардкор порно се поагресивни, повеќе социјални и ги сакаат ризиците. Тие се чувствуваат удобно да ги играат и двете улоги во кревет – сакаат да доминираат и да бидат инфериорни”, издава специјалистот пред AlterNet.

Според неврологот кај овие дами сексуалната желба во мозокот многу наликува на она што е и во машкиот мозок.

Невролозите се на мислење дека порното ги возбудува жените, но неговите различни варијации дејствуваат на саканиот начин на различни типови претставнички на понежниот пол.

Има “пријателско кон жените” порно во кое садо-мазо елементите недостасуваат и тоа повеќе личи на гола романтична бајка. Тоа одговара на повеќе срамежливи, повеќе затворените дами кои уште копнеат за својот принц и гледаат романтично на животот.

“Поинтересно е дека жените ја промовираат идејата за феминистично порно (подоминантно) и сакаат да веруваат во неа”, дополнува Огас.

Слични содржини