Се враќаат сините картони во здравството

од desk2

Главна причина за враќањето на сините картони во употреба е тоа што сè уште нема фирма која ќе ги печати новите картички, па затоа, како што информираат од Фондот за здравствено осигурување, сите осигуреници на кои ќе им истече електронската картичка треба да се обратат во подрачните единици на Фондот за да подигнат сини картони.

Фирмите, пак, коишто имаат повеќе од 10 вработени, како што е наведено на веб-страницата на Фондот за здравствено осигурување, може да закажат достава на сини картони по електронска пошта: [email protected]

Во македонското здравство, граѓаните, односно пациентите повторно ќе ги користат сините картони за лекување и тоа како во здравствените установи, така и во аптеките, потврдува Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија, бидејќи на здравствените електронски картички им истече петгодишниот рок на траење.

Главна причина за враќањето на сините картони во употреба е тоа што сè уште нема фирма која ќе ги печати новите картички, па затоа, како што информираат од Фондот за здравствено осигурување, сите осигуреници на кои ќе им истече електронската картичка треба да се обратат во подрачните единици на Фондот за да подигнат сини картони.

Фирмите, пак, коишто имаат повеќе од 10 вработени, како што е наведено на веб-страницата на Фондот за здравствено осигурување, може да закажат достава на сини картони по електронска пошта: [email protected]

Во дел од аптеките велат дека нема да се случат никакви проблеми со издавање на лекови кои се на позитивната листа, бидејќи на голем број осигуреници електронските картички им имаат важност заклучно со 31 декември 2017, додека другите приложуваат со сини картони.

Инаку, хрватската фирма „АКД“ која го доби тендерот и ги изработуваше електронските здравствени картички се повлече, односно веќе не работи, а поради внатрешни несогласувања, голем број граѓани кои во текот на изминатите години имаа поднесено барања за издавање електронска здравствена картичка, останаа без неа.

Граѓаните во Скопје велат дека единствената предност на електронските картички беше што постојано ги имаа со себе, односно нивната важност беше повеќегодишна, па како што појаснуваат, не мораше да одат да подигнуваат сини картони во подрачните служби на Фондот за здравствено осигурување.
Се очекува во текот на наредниот период надлежните институции да донесат одлука дали во здравствениот систем во Македонија ќе останат во употреба електронските картички или, пак, дефинитивно ќе се употребуваат сините картони.

Слични содржини