Канадската Еуромакс ги финализира активностите за отварање на рудникот за бакар кај Иловица. Деновиве преку истражување има намера да дознае какво влијание има овој проект кај месното население за да бидат преземени соодветни мерки.

106785

Рудникот се очекува да започне со работа во 2017 и целата инвестиција се проценува на околу 500 милиони американски долари.

“Не сакаме вработувања ако нема гаранција за заштита на животната средина”- велат жители на Иловица и Штука, каде за помалку од две години канадскиот концесионер ќе почне со експлоатација на рудникот за злато и бакар. Овие две села од струмичката општина Босилово се наоѓаат непосредно до рудникот, па сметаат дека водата и земјата ќе бидат први загадени.

Жителите на двете населени места ќе бараат прво рудникот да обезбеди А интегрирана еколошка дозвола пред да почне со работа. Во меѓувреме ја избегнуваат водата од иловичка брана. Пијат вода од чешми и бунари.

Слични содржини