Почетна / Актуелно / Се зголемува бројот на дебелите деца

Се зголемува бројот на дебелите деца

Европските деца и помладата популација се повеќе се дебелее, предупредува Свтската здравствена организација СЗО. Проблемот на претераната дебелина кај  децата и кај младите се јавува насекаде во Европа. Младите луѓе јадат и пијат премногу шеќер, а конзумираат премалку овошје и зеленчук. При тоа, премногу време поминуваат седејќи, најчесто пред екраните на компјутерите, наведува СЗО.

Четири отсто од адолесцентите зе премногу дебели, а една петтина има вишок килограми. Најголем број на дебели деца има во Источна Европа. Само третина девојчиња на возраст од 11 до 15 години од 40 земји, према истраѓувањата од 2014 година, дневно конзумирале овошје, а три отсто тврделе дека никогаш не јадат. Момчињата јадат многу помалку овошје од девојчињата, и тоа како растат се помалку.

И социјалниот стаутс игра важна улога – оние кои живеат во богати семејства јадат повеќе овошје. Кога станува збор за конзумирање на зеленчук, малку повеќе од третина адолесценти секојдневно јадат зеленчук, а пет одсто воошто не го конзумраат. Како што наведува Гардијан, ширум Европа, 19 отсто адолесценти секојдневно пијат засладени пијалоци – во Велика Британија процентите се уште поголеми и изнесуваат 26 посто. Адолесцентите малку се занимаваат со физичка активност, а како стануваат постари    се помалку се занимаваат со спорт. Младите луѓе 60 посто од своето време го поминуваат седејќи, наведува СЗО.