Се зголемува бројот на жртви од зимската бура во Калифорнија

од desk2

Бројот на жртви во лизгањето на земјиштето предизвикано од бурата во Калифорнија се зголемил на 17 лица откако биле пронајдени две нови тела, а над 17 се водат како исчезнати.

Триесеттина лица се повредени, од кои неколку во тешка состојба се задржани во болница. Природната катастрофа во Јужна Калифорнија доведе до уништување на голем број домови.

Ова е втора природна стихија во Калифорнија во рок од неколку месеци откако државата претрпе огромни штети по големите пожари во октомври.

„Сметам дека ова ќе биде долго и тешко справување со последиците. Барам стрпливост и разбирање. Барам да се молиме“, изјави Бил Браун – шериф на Санта Барбара.
Многумина од стотиците жители кои останале заробени во своите домови се евакуирани со хеликоптери, додал Браун.

Околу 500 спасувачи работат на тоа да му помогнат на населението заробено од калта во нивните домови. Повеќето жртви на невремето се во областа Монтесито во округот Санта Барбара, околу 150 километри северозападно од Лос Анџелес, откако разорните пожари го опустошија ова подрачје во декември минатата година.

Силниот дожд кој, по десет сушни месеци, врнеше во претходните денови, го претвори овој крај, еден од најубавите во Калифорнија, во место на ужасот.

Слични содржини