Сеад Кочан бега од полицијата, а неговите бизниси си тераат и нема блокирани сметки !?

од Vladimir Zorba

Полицијата трага по Сеад Кочан, распишана е меѓународна потерница, а на сајтот на МВР во делот за потраги го нема неговото име и фотографија. Го нема ниту на Интерпол каде обично се ставаат потерниците за избеганите од државата криминалци. Како и да е МВР очигледно нема можност или не сака да го открие каде е.

Адвокатот на Сеад Кочан во изјава посочи дека тој бил на службено патување, анонимни извори посочија дека тој поминал на граничниот премин Табановце, но МВР го нема регистрирано излегувањето на Кочан на ниту еден граничен премин. Сето ова заедно упатува дека намерно се форсира тезата дека Сеад Кочан е излезен од државава, пред се поради тоа што е можно се уште да се наоѓа во Македонија и чека да го види исходот од жалбата за одредениот притвор, поднесена до Апелација.

Одредениот притвор за Сеад Кочан е поради тоа што е првоосомничен во случајот „Труст”, во кој се товари за фалсификување на документи за добивање на тендер од ЕЛЕМ тежок 17 милиони евра, државни пари, а работи со неговата фирма „Трансмет“

Сметката на “Трансмет“не е блокирана
Оваа компанијата  со која до пред извесно време управуваше бизнисменот Сеад Кочан за кој Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница и кој е во бегство,  си работи на неколку инфраструктурни проекти од јавен интерес.

transmet-1

Судот во четвртокот му одреди мерка притвор на Кочан за случајот „Труст“ на Специјалното јавно обвинителство за тендер во 2011 година, но не беа превземени никакви мерки за компанијата “Трансмет“, и сметката на компанијата за сега не е блокирана.

Според решението на Основниот суд Скопје 1, Сеад Кочан повеќе не е управител на „Трансмет“. Сега во компанијата е советник.

Онлајн изданието еМагазин направи пресек на што се моментално работи компанијата “Трансмет“.

Последен поголем тендер кој го доби градежната компанија беше изградбата на обиколницата која беше оштетена по поплавите кои летово го зафатија скопскиот регион.

Компанијата го доби овој договор без тендер, односно како што информираа од Јавното претпријатие за државни патишта поради итноста на проектот, договорот е склучен во четири очи. Вредноста на овој договор е околу 3,6 милиони евра.

 “Трансмет“ работи и на изградба на автопатот Кичево-Охрид откако склучи договор со кинеската компанија “Синохидро“ која го доби тендерот од државата за овој автопат. Вредноста на градежните работи кои “Трансмет“ ги извршува како подизведувач се 78,6 милиони евра.

Компанијата „Трансмет“ е и дел од неколкуте компании кои учествуваат во реконструкцијата на барокните фасади во Скопје. Вредноста на градежните работи е околу 1,3 милиони евра.

Оваа компанија лани го доби и тендерот во износ од речиси 1, 7милиони евра за реконструкција на фасадите на објектите за Министерството за труд и социјала, Државниот завод за статистика, Трговскиот центар „Палома Бјанка“.

Градот Скопје ја избра за најповолна понудата на компанијата „Трансмет“ за изградба на новата фонтана со прскалки на Плоштадот Македонија, а вредноста на договорот изнесува 2,4 милиони евра.

Меѓудругото „Трансмет“ учествува и во изградба на третата фаза од проширување на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, изградба на велосипедска патека, а се јавува и во јавно –приватно партнерство со општина Ѓорче Петров во изградбата на бизнис центарот „Емпорио“ каде што еден дел е наменет за општинската зграда.

Изградбата на овој објект чини 30 милиони евра.

Слични содржини