Седница на Државната изборна комисија

од Vladimir Zorba

   Државната изборна комисија (ДИК) вечерва одржува седница на која, меѓу останатото, треба да расправа за Предлог финансискиот план за распределба на средства за избори за членови на советите на општините и Советот на градот Скопје и за градоначалници на општините и за градоначалник на градот Скопје на 15 октомври годинава, како и за Предлог – одлуката за утврдување на потребата од формирање на помошни тела на ДИК за спроведување на локалните избори.

На дневен ред на седницата се и Предлог одлуката за ангажирање лице во помошните тела на ДИК за спроведување на претстојните локални, барањето за добивање овластување за набљудување на локалните избори поднесено од Граѓанската асоцијација МОСТ од Скопје.

Пред членовите на ДИК се и Известувањето за содржината на ЦД примено вчера од Министерството за внатрешни работи,   и Информацијата за состојбата со бројот на запишани гласачи во Избирачкиот список за општина Валандово за референдумот на локално ниво, кој ќе се одржи на 20 месецов

Слични содржини