Седум лица се полесно повредени во седум од вкупно 13 сообраќајни несреќи

од Vladimir Zorba

Седум лица се полесно повредени во седум од вкупно 13 сообраќајни несреќи регистрирани во изминатите 24 часа на подрачјето на СВР Скопје. Во шест сообраќајки е причинета материјална штета.

Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци, меѓу кои 14 возачи кои не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, двајца кои возеле под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, како и 23 без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Затекнати се 54 непрописно паркирани возила.

Санкционирани се и двајца пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафор и тројца возачи на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл кои за време на возењето на пат не го носеле заштитниот шлем на глава.

Со помош на специјалното возило пајак, отстранети се 75 возила.

Во рамките на сообраќајно воспитната акција „Да ги заштитиме децата во сообраќај“, Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници со ученици во второ одделение во ООУ „Кочо Раци“ во општина Центар.

Во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје вечер со почеток во 20:45 часот ќе се одигра меѓународен ракометен натпревар помеѓу РК „Вардар“ и „Татран Прешов“ од Словачка, во рамки на СЕХА лигата. Со цел непречено и безбедно одвивање на спортската манифестација, од сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување и пренасочување на сообраќајот.

Слични содржини