Почетна / (не)Секојдневно / Седум неверојатно скапи јадења од сите страни на светот

Седум неверојатно скапи јадења од сите страни на светот

Некогаш и малку златни снегулки и неколку капки масло од тартуфи доволно е ресторанот да го рекламира своето ново јадење како луксузно. Овие седум раскошни јадења од разни краишта на светот, меѓутоа го претставуваат самиот врв на кулинарската креативност, а тоа се одразува и на нивната цена.

Пица од 2.000 долари (Industry Kitchen, Njujork)

Под претпоставка дека се потребни 40 залаци за да ја изедете пицата од 2.000 долари, во њујоршкиот ресторан „Industry Kitchen“, ќе платите 50 долари по залак.

Пицата со тенко тесто, испечена е во печката на дрва и прекриена со бело стилтон сирење ., паштета од гускин џигер(foie gras),француски тартуфи, осетра кавијар, листови златни снегулки и украсени ливчиња од цветови кои се јадат.

Морате да резервирате два дена однапред доколку сакате да ја пробате.

Капучино од 15 фунти (Emirates Palace, Abu Dabi)

Овој хотел ветува „супериорен спој на ароматично кафе„ под пената , 24-каратни златни снегулки и чоколадни трошки одозгора. Се сервира на сребрен послужавник со црно чоколадо од страна. Шолјата кафе чини 12, 60 фунти, но со надомест за услугата., данокот за туристи и општинска такса, гостите плаќаат 15, 15 фунти за една голтка (околу 18 евра).

Плескавица од 600 фунт (Burger Brasserie, Las Vegas)

Иако Гинисовиот рекорд за најскап бургер го освоил бургерот од 3.800 фунти од „Juicy’s Outlaw Grilla”од Ковалис во Орегон , поради неговата тежина од 350 килограми е погоден само за годзила.

За да уживате во најскапиот бургер кој лесно може да го конзумира една особа би требало да отидете во ресторанот  “Burger Brasserie” во Лас вегас . Бургерот од кобеанско говедско и јастог, прекриен со пршута, карамелизиран сладок лук, сирење од Франција, балзамико оцет, помеѓу свежо печени лепињи, со коричка од пармезан.

Хот дог од 130 фунти  (Tokyo Dog, Sijetl)

Морате да го нарачате најмалку две недели однапред. Хот дог од 130 фунти (152) евра содржи германски колбас “bratwurst”  со чаден лосос , “Wagyu” говедско, теријаки го кифла со кришките рилован лук , маитаке печурки, паштета од гускин џигер (foie gras), црни тартуфи, кавијар и јапонски мајонез.

Сладолед од 775 фунти ((Serendipity 3Њујорк)

За да го пробате овој десерт , морате да нарачате барем 48 часа однапред. „Златниот богат сладолед„ со сладолед од ванила од Тахити и ванила од Мадагаскар., прекриен со 24- каратно златно лисје,„Амедеи Порцелан „ чоколаден сируп и парчиња „Чуо „ чоколада од Венецуела. Париско кандирано овошје, позлатени бадеми и марципански цреши го декорираат сладоледот.

Се сервира во кристален пехар, кој можете да го однесете дома. А се разбира тука е и кавијарот, прелиен со уште златни листови.

Такос од 19.000 фунти (Grand Velas Los Cabos Resort, Meksiko)

Достапен е во ресторанот „Фрида„во мексиканското одмаралиште со пет ѕвездички. Такос од 19.300 фунти(околу 22. 500евра) содржи кобеанско говедско, јастог, “Almas beluga”  кавијар, црни тартуфи и сос од „Морита чиле„ пиперки, кафе и текила. Се разбира, го украсуваат златни снегулки.
Корнат од 1.500 фунти  (Dum Dum Donutterie, Лондон)

Луксузната верзија на  „Корнат„ (мешавина од крофна и кроасан ) е направена од црно- бел кроасан со шафран , креиран со тахитијско златно зрно ванила и „Амедеи Порцелан„ чоколадо. Веднаш откако ќе се извади од рерна се прелева со чоколадо, златни снегулки и кавијар.

 

С.В.