Ниту санкциите против Русија, ниту тензиите во односите со земјите од Европската унија ниту економската криза ги натера руските пратеници и министри да се откажат од своите куќи, вили и други недвижности кои се наоѓаат во странство, пишува rbc.ru.


Повикувајќи се на поднесените пријави од високите руски чиновници, медиумот укажува дека 7 пратеници и министри имаат имот во Бугарија. Тука имаат инвестирано двајца сенатори, четворица пратеници од државната дума и еден министер.

Во нивен имот се само апартмани- а квадратурата се движи од 66 до 142 квадратни метри. Министерот Максим Топилин, потоќчно неговата жена е сопственик на од 134 квадратни метри на Црното Море.

Од поднесените декларации за имотна состојба во 2014 година, две соби со вкупна површина 104 квадратни метри купила и сопругата на заменик-претседателот на парламентарната комисија за образование проф. Михаил Берулава.

Пратеникот комунист од Краснојарск, се правдаше пред RBC Daily дека жена му е академик и располага со своите пари така што таа го купила имотот.Галина Берулава навистина е познат психолог, член на Руската академија за образованието и ректор на Црноморската хуманитарна академија.

За минатата година таа пријавила приходи во износ од 11,3 милиони. рубљи (около220 000 евра), а нејзиниот сопруг малку повеќе – 12,7 милиони рубли. Два стана во Бугарија пријавил и пратеникот дебитант Сергеј Вострецов, кој стана член на Државната дума во октомври мината година. И двете апартамента се со вкупна површина од 122 квадратни метри, а биле купени уште во 2011 година, но по доста ниска цена – заедно чинеле колку еднособен во не многу убав регион на Санкт Петербург.

Според пратеникот тие не биле за целосно сместување, а нешто како студиа со кујни, но биле доволни за летната рекреација на неговото семејство. Вострецов изјави дека и двата стана биле дадени на оглас за продажба, но поради кризата никој не сакал да ги купи. Пратеникот додаде дека поседувањео на недвижен имот во странство не е забрането со руските закони, а и тој не добил никакви имплицитно упатства или совети да ги продаде.

Сепак за секој случај двајца членови на Горниот дом – Советот на Федерацијата ги продале своите имоти во Бугарија. Тоа се сенаторот од Мордовия Владимир Литјушкин, се спасил станот со површина 59 квадратни мметри. Неговиот колега од Северна Осетија Александар Тотоонов, неодамна поседувал стан со површина 77 квадратни метри. Новиот член на Советот на Федерацијата од Ненецкия автономен округ Евгениј Алексеев сепак не се двоуми заедно со неговата сопруга да купи стан за сместување во Бугарија со површина 49,5 квадратни метри.

Инаку повеќето од првите на листата се високи руски функционери и сакаат да инвестираат во САД, Франција и Италија. Речиси два пати помалку се насочени кон Шпанија, а во земји како нашата се поединечни случаи со по неколку претставници.

Слични содржини