Седумнаесет повредени во Турција при напад на курдските бунтовници

од desk2

Курдските бунтовници активирале импровизирана експлозивна направа во покраината Хакари, додека минувало воено возило, јави турската војска.

Нападот се случил во близина на градот Јусеков и повредени се 17 војници.

Војниците бргу се евакуирани и хоспитализирани. Четворица се наоѓаат во тешка состојба, стои во соопштението.

Курдската работничка партија води борба против турските власти веќе 30 години, а во судирите досега загинаа неколку илјади лица. Немирите ескалираа по 2015 година, откако пропаднаа двегодишните мировни преговори.

Турските власти, ЕУ и САД ја третираат партијата како терористичка организација./Мета

Слични содржини