2914EBB300000578-3097559-Migrants_Hundreds_of_men_women_and_children_make_their_way_to_te-a-1_1432660184302

Седумнаесет годишен имигрант беше убиен во Грција во вооружен судир меѓу полицијата и трговци со луѓе.

Грчките власти соопштија дека престрелката се случила покрај островот Дими, кога јахта со 70 имигранти се обидела да влезе нелегално во грчките територијални води од Турција.

Грчката крајбрежна стража и припадници на европската погранична агенција Фронтекс успеале да ја запрат јахтата и се качиле на неа.

Престрелката почнала за време на спор меѓу полицијата и тројца мажи осомничени за трговија со луѓе, кои биле турски државјани. Едниот од нив признал дека ранил полицаец.

Властите почнаа истрага за откривање на причините за смртта на имигрантот.

Според анонимен извор од болницата на островот Сими тој е убиен најверојатно со огнено оружје./МИА

Слични содржини