За денеска во 11 часот е закажана седница на Совет на јавни обвинители на чиј дневен ред е давање свечена изјава на седумтемина избрани обвинители од тимот на специјалната обвинителка Катица Јанева.

janeva

Јанева во петокот ги повика да не го сторат тоа, бидејќи со тоа би се потврдила претходната одлука која, според неа, е спротивна на законот за специјалното обвинителство.

Но, во меѓувреме, работните групи постигнаа договор и околу ова прашање. Со писмо потпишано од претставниците на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, преку министерот Аднан Јашари ќе се бара од Советот да ги избере и останатите седум, а Уставниот суд што поскоро да се изјасни по уставноста на законот.

Јашари за Алсат М телевизија изјави дека Советот требало да гласа за сите обвинители предложени од Јанева. Дали Советот ќе ја промени првичната одлука и дали засега избраните обвинители од тимот на Јанева ќе дадат заклетва ќе се знае денеска.

Слични содржини