Специјалната обвинителка Катица Јанева денеска би требало да се појави на седницата на Советот на јавни обвинители на ннивно барање514906AF-7CB5-48B8-AB1C-4AFA770290B4_cx0_cy13_cw0_w308_h173

И додека јавноста ваквиот отчет го оценува као класичен обид за притисок,  Советот на затворена седница ќе расправа за стручноста на специјалната обвинителка Kатица Јанева и за тоа како таа постапила во случајот со предавањето на материјалите од незаконското прислушување од страна на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на 30 декември.

Во меѓувреме едногласно собраниската комисија за финансирање и буџет го одобри финансискиот план од 4 милиони евра за работата на Специјалното јавно обвинителство. Образложувајќи ја точката пред комисијата Министерот за финансии Стварески потенцираше дека најголем дел од средствата се наменети за плати но и за останатите активности за институцујата да може тековно и непречено да работи. Официјално финансискиот план Владата до собрание го достави на 5-ти јануари. Оваа одлука исто така треба да се разгледува и на законодавно правната комисија како и на пленарна седница.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева досега неколкупати алармираше дека се доцни со донесувањето на финансискиот план што пак го загрозува и самото финансирање но и работата на институцијата. Тоа како што тврдеа од институцијата влијае на сите тековни работи  но и на вработувањето на стручен кадар и помошен персонал.

Слични содржини