Високите луѓе се изложени на поголем ризик од рак, според новото истражување. Да бидеш само за  10 см повисок од просечниот раст може да го зголеми ризикот од некои видови рак за до 30%, тврдат истражувачите од Каролинсиот  институт во Шведска.72964838

Секои 10 см висина го зголемуваат ризикот од рак за 18% кај жените и 11% кај мажите, покажуваат податоците од најголемото од ваков вид истражување во кое учествувале 5,5 милиони Швеѓани и од двата пола, родени меѓу 1938 и 1991 година.

Ракот на кожата е најтесно поврзан со висината. Ризикот од него расте со 30 проценти при секои 10 см височина. Ракот на дојка е 20% помалку веројатен при секои 10 см.

Продолжуваат испитувањата за причините за овој феномен.

Слични содржини