Секоја осма Французинка , околу 4 милиони жени или вкупно 12%  од французинките биле силувани најмалку еднаш во својот живот .

Ова покажува социолошка студија од Жан-ле-фондација од Париз, цитирана од Би-Би-Си.

Студијата, исто така, открива дека 43% од француските жени се заведени без нивна согласност.

Како и во многу земји и во Франција, многу жени ја користат социјалната мрежа за да се жалат дека се жртви на сексуален напад . Многу од нив ги делат нивните негативни искуства со хаштаг  “Balance ton porc”.

Кампањата започна во октомври минатата година, откако серија жени се пожалија дека биле жртви на сексуално вознемирување од страна на познатиот холивудски продуцент Харви Вајнштајн.

Студијата во Франција, која вклучува 2.000 жени, има за цел да го процени сексуалното вознемирување и насилство во земјата.

Покрај оние 12% кои велат дека биле силувани, 58% биле жртви на вознемирувачки предлози.

Повеќето жени се жртви на сексуално вознемирување барем неколку пати.