Разрешените членови на Скопското муфтиство најавија дека од следната недела секојоднвено ќе протестираат пред седиштетото на Исламската верска заедница, револтирани што како што објаснуваат на незаконски начин вчера е именуван нов скопски муфтија-јави ТВ 24 Вести

Обвинуваат дека поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи на таен состанок без потребниот кворум го именувал Реџеп Јусуфи за нов скопски муфтија, со што како што велат е прекршен уставот на ИВЗ.

ИВЗ ги отфрлија обвинувањата како неосновани и тврдат дека новиот скопски муфтија е избран на законски начин и добил поддршка од сите членови на Рејзиот.

Слични содржини